Со Гордана Силјановска Давкова се познаваме 22 години. Беше моја омилена професорка на Правниот факултет. Во 2004 година заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против територијалната поделба на Македонија со која се измени етничкиот состав на Струга, Кичево и Скопје. Во 2018 заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против промената на името на Македонија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
На 8ми мај Гордана Силјановска Давкова ќе стане Претседател на Република Македонија, а Христијан Мицкоски ќе биде премиер на Република Македонија, порача Николоски.