Драги пријатели,
Поминавме многу заедно. Победивме власт која долго ја девастираше Македонија потопувајќи ја во криминал и во корупција. Вие ми ја дадовте огромната доверба, и за мене како човек значи многу.
Јас сум дел од ВМРО ДПМНЕ долги години, од честа до бидам лидер на Унијата на млади сили, до тоа да сум пратеник или сега потпретседател на партијата, но жарта да направиме нешто повеќе за сите граѓани е подеднаква и би рекол најголема досега.
Како министер за транапорт и врски и како заменик претседател на Владата можам да кажам дека ќе дадам се од себе да се почувствува разликата. Да реализираме значајни инфраструктурни проекти.
Нови автопатишта, пруги, брзи железници, нови експресни патишта и многу други работи.
Како и да ги завршиме веќе започнатите, автопатот Охрид Кичево, експресниот пат Велес Градско и останатите кои чекаат на реализација.
Најдоброто допрва доаѓа. Нема време за чекање. Премногу време нашите граѓани изгубија и премногу дадоа за Македонија.
Време е Македонија да даде за нив. Ќе работиме фуриозно би рекол јас сум воркохолик и сум убрден дека ќе работиме сите заедно во служба на граѓаните.
Ветувам. Македонија за тебе, за сите вас. Почнуваме!