Кодошат и ја злоупотребуваат меѓународната заедница, одлучија наместо да прифатат решение да спинуваат. Лоши “спин доктори”!, објаснува Александар Николоски за однесувањето ан СДСМ и ДУИ по лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски.

Тој додава дека прифаќање на бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси и наместо да се приклучат, одлучија да прават негативна кампања со невистини демек ВМРО ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија!

Ние понудивме државнички пристап, а тие примитивизам и предавства. Нас Македонија, а на СДСМ Бугарија. Тоа е разликата!, вели Николоски.