Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва пред Собранието во име на целата коалиција изјави дека ова е единственото решение во моментот.

– Погазена е демократијата, беше киднапиран пратеник. За тоа ќе има одговорност, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата се обидуваат по секоја цена да останат на власт.

Ние заминуваме од овде, па еве нека го ослободат пратеникот, рече Николоски.

Според него, овој криминален режим се обидува да остане на власт по секоја цена.

-Наједноставен излез од оваа криза се брзи предвремени парламентарни избори. Оваа ситуација е неодржлива. Власта има 59 пратеници, 60 пратеници се на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата и имаме еден киднапиран пратеник. Власта веќе нема легитимитет. Ако пратеникот имаше став дека Владата треба да остане, зошто не дојде и да гласа. Единстфен излез од оваа криза се брзи предвремени избори. Веќе утре органите на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат за наредните нивни потези. Власта треба да одговори на сите прашања за тоа каде беше цел ден пратеникот Кастриот Реџепи. Зошто беа одземени телефоните на неговите најблиски, на пратеници на СДСМ“, рече Николоски.

Во изјавата за медиумите, Николоски рече дека сите пратеници од опозицијата вечерва заминуваат од Собранието.

Целата изјава на Николоски можете да ја чуете во постираното видео.