На денешниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Дојран се обрати вицепремиерот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-После промените што минатата година се случија во Дојран мислам дека е време да се случат и на локално ниво. Покрај промените што се случија минатата година на централно ниво и веќе имаме Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски која што една година и три месеци ниже резултати и реформи, економски препород на Македонија, време е промените да се случат и на локално ниво. Гледате дека на локално ново се обидуваат во последен момент да се спасат, менуваат кандидати, досега имаат еден градоначалник па сега имаат друг кандидат. Но, мислам дека тоа на ниеден начин нема да ги спаси, рече Николоски.

Тој порача дека детално треба да се истражи што работеше досегашниот градоначалник.

-Една голема можност што беше во услуга на урбаната мафија на луѓе кои што буквално го уништуваа ова прекрасно место веќе не постои. Имено, замислете сите овие населени места кои што гравитираат кон езерото, не ги водеа како населени места, туку сето она што го гледате викендици, станови кои што се продаваат кои што се изградени ги водеа „вон населено место“. Согласно една дупка која што беше останата во правилниците доколку се води „вон населено место“ урбанизацијата оди многу брзо, не е потребно дозвола да даваат ниту Министерството за танспорт ниту да се било кои институции консултираат. И на тој начин ова дивеење кое што можете да го видите се случи, дивеење кое што донесе вода буквално да нема во најголем дел од годината, а живеете сите вие покрај вода, рече Николоски.

Тој потенцира дека на таа работа е ставена точка.

-Со иборот на новата Влада се променија правилниците, и едно големо дивеење кое што постоеше овде и на другиот крај на државата кај Мавровското Езеро сега веќе е запрено. Покрај Мавровското Езеро имаше и одредени акции на МВР кои што сакам да ги поздравам. Се надевам дека после промената со избор на нов градоначалник и овде ќе може да истражиме што, како и зошто се правело. Тоа е една од првите работи што треба да ја направиме. Паралелно со тоа заеднички да ја развиваме општината, има голем потанцијал, големи можности и навистина мислам дека сите ќе бидат мотивирани да помагаме, да инвестираме и во делот на туризмот и во делот на економија и секаде таму кај што можеме да помогнеме. Најбитното да се спаси и заштити езерото, рече Николоски.