– Според мене, деновиве се случува најинтензивниот судир во тајните служби во Македонија од самостојноста па се до сега, што не добива соодветно медиумско внимание бидејќи има инфлација на лошо вести во јавноста, пред се во економскиот дел. Да беа понормални условите во државата ова ќе беше тема број еден, неспоредлива со било што претходно видено во разузнувачката заедница, односно во тајните служби, а тоа е директен судир на две криминални крила во рамки на СДСМ коишто се борат помеѓу себе за превласт во АНБ односно поранешната УБК. Зошто се борат за превласт? За да можат да ги заштитат сега додека се на власт и да им ги покријат трагите за криминал, па така се случи кадарот на СДСМ, Виктор Димовски, кој што од СДСМ беше предложен и стана директор на АНБ, а сега е предложен за амбасадор во Франција, односно во Париз, да предложи човек за директор за внатрешна контрола кој по сила е втор човек во АНБ. Согласно законот тој предлог треба да оди пред соодветната собраниска комисија и соодветната собраниска комисија да даде или да не даде дозвола секако откако ќе се расправа за предлогот, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Николоски истакна дека со ова што се случува во Агенцијата за национална безбедност јасно покажува дека постојат една нескриена битка помеѓу две криминални крила во власта. -Се случи да пратениците од СДСМ ја бојкотираат комисијата односно воопшто не се појават и не дојдат на расправа што само говори кој е нивниот став во однос на предлогот и јасно оцртува две крила кој што ви има во разузнувачката заедница блиски до едни други структури во рамки на власта и во моментот постои една нескриена битка во рамки на власта за наследник на Виктор Димовски односно за директор на АНБ.
-Тука има и едно друго прашање кое се поставува – зошто 14 месеци ова место во АНБ стоело празно, не се пополнило и зошто баш сега се дава предлог и како функционирала Агенцијата за национална безбедност без соодветна внатрешна контрола? Но, се поставува и прашањето од каде толку енергија за судир во разузнувачкиот свет внатре во власта и зошто е толку атрактивна Агенцијата за национална безбедност, а одговорот е само еден, дека има сериозна намера да се злоупотребува работата на Агенцијата за национална безбедност, вели Николоски.
Тој исто така посочи дека Агенцијата за национална безбедност од власта се злоупотребува за да се следат лица од ВМРО-ДПМНЕ.
-Сето ова се злоупотребува за следење на ВМРО-ДПМНЕ. Јас и во претходните периоди сум објавувал дека и јас и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и уште неколку други луѓе сме биле пред на нелегално физичко следење, континуирано телефоните ни се прислушуваат, тоа е поделено на неколку институции. Наместо да работи Агенцијата за национална безбедност да спречи грчко или бугарско влијание во Македонија кое што им е работа или да спречи појава на радикален тероризам, тие се занимаваат со опозицијата и со тоа како да ја растурат ВМРО-ДПМНЕ, но ниту им успеало, ниту ќе им успее, додаде тој.