НИКОЛОСКИ: Ова се докумените за фирмата од Хонг Конг преку која Филипче сакал да набави двојно поскапи вакцини

/ 14.03.2021

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, објави документи од Централен регистар на ХОНГ КОНГ.

ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку днеови го бовинува Филипче дека преку Хонг Конг односно преку посредници се обидувал да набави вакцини од Кина, по двојно повика цена, поради што, кинеските власти реагирале негативно.

Николоски посочува дека од документите се гледа:

  1. ФАНТОМСКАТА Стабри е регистрирана во СЕПТЕМВРИ 2017, а Заев формираше Влада во МАЈ 2017.
  2. Има САМО 3 вработени
  3. Преку таа фирма оди обидот за набавка на вакцини по ЦЕНА 2 ПАТИ ПОВИСОКА од таа по која се продаваат вакцините. Наместо 25-30 долари вакцините се купуваат за ФАНТАСТИЧНИ 62.5 долари

-ОСТАВКИ веднаш! Алчноста и криминалот на Заев чинат човечки животи, порача Николоски.


Од истата категорија