Денеска од Виница, го најавувам почетокот на изборната кампања на СДСМ и Коалицијата. За кратко време направивме многу успеси и од нив нема да се срамиме. Бараме чист мандат за да направиме уште повеќе и уште подобро. Бидејќи можеме, порача Љупчо Николовски, носител на листа на СДСМ во ИЕ3.

-Нема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво. Програмата е навистина најдобрата програма досега. Ветувањата се исклучително реални бидејќи работевме домаќински изминативе две и пол години, а со членството во НАТО и преговорите со ЕУ ќе направиме уште повеќе зошто ни се отвораат врати кои отсекогаш ни биле затворени, истакна тој.