Ова што го прави владата на СДСМ е невидено и тоа никаде, ниту во Европа ниту во светот. Во услови кога цел свет се соочува со здравствена и економска криза сите се обидуваат да помогнат на својот народ и на својата држава, коментира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на новинарско прашање за зголемувањето на акциата за нафта.
-Гледаме во одредени држави директно се исплаќаат средства на граѓаните за да можат да го пребродат ова полесно, во други се даваат големи пакети на компаниите за да преживеат. Само во Македонија се зема од граѓаните и треба да се свесни граѓаните дека заради криминалот на Зоран Заев и неговите пајташи, заради неколку фирми блиски до Зоран Заев од овој бизнис, следниот пат кога ќе наточат гориво на бензинските пумпи, а тоа е за жал веќе од денес, поскапиот бензин кој ќе го платат кој ќе е поскап не три денари како што кажуваат, туку помеѓу 4 и 6 денари поради дополнителните давачки кои не ги кажуваат, поскапиот бензин е директно последица на работењето на Зоран Заев и на криминалната банда околу него. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ акцизите ќе ги укине, односно ќе ја укине оваа дополнителна давачка која ја воведува криминалната Влада на Зоран Заев со цел да можат да се обогатат, истакна тој.
Потенцира дека прашање кое нема одговор е зошто се манипулира со околу 9 милиони евра народни пари?
-Имено, отприлика толку е она што е богатење на неколку луѓе околу Зоран Заев поради покачување на акцизата и во исто време поради манипулациите со т.н. екстра лесно гориво кое во Македонија се троши, официјално, далеку, далеку повеќе од она што е реално е потребно на македонското стопанство што отвора сериозни сомнежи за манипулација со истото, а јавна тајна е кои луѓе тоа го работат, луѓе блиски на СДСМ и Зоран Заев, порача Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска изјави дека Собранието не може повторно да заседава затоа што е распуштено и оти по ова прашање Уставот е јасен.
Јасни се одредбите во македонскиот Устав, како и позитивните законски акти, така што еднаш распуштено Собрание не може да се врати и да заседава – рече Николоски одговарајќи на новинраско прашање во врска со барањето за свикување итна седница од страна на СДСМ.
Во однос на нов датум за парламентарни избори, тој кажа дека е дегутантно и нечовечко однесувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев и на СДСМ, во услови кога многу луѓе се заболени од корона вирусот, илјадници луѓе губат работни места и за жал десетици фамилии ги изгубија своите најблиски, а многу луѓе се уште се борат за својот живот, кој било од политичарите да зборува за вакви теми.
Ова е едно нечовечко однесување на СДСМ. Доколку решат повторно по стоти пат да го кршат Уставот, и да не се грижат за здравјето на граѓаните и економската благосостојба секако ВМРО-ДПМНЕ во тој момент ќе заседава во своите органи и ќе донесе одлуки, кои што ќе бидат на линија на Уставот, законите, но, пред се, на заштита на здравјето и економската благосостојба на граѓаните – рече Николоски.
Според него, СДСМ сакаат да се спасат од одговорноста за криминалите што ги направија.
Запрашан што ќе се случи со кандидатските листи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие се веќе потврдени од Државната изборна комисија.