Можам да прогласам победа на ВМРО ДПМНЕ апсолутна победа, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Вториот круг од локалните избори го потврди само она што се случи во првиот круг. ВМРО ДПМНЕ победи во најголем дел од општините, како Охрид, Скопје, Битола, Радовип. Гевгелија, во Карпош води нашиот коалиционен партнер, потоа Брвеница, Василево, Ново Село, изјави Александар Николоски.

Она што го видовме вчера се најлошо организирани локални  избори во историјата на државата и одговорност мора да има. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе има обраќање, но она што морам да кажам е дека ова е огромна обврска и одговорност за сите нас, да покажеме дека во Македонија може поинаку, ВМРО извади цела генерација на нови политичари, изјави Николоски.