Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз”  Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече вечерва, за голема инвестиција од  педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии.

-Вчера на владина седница ја разгледавме реализацијата на пректот „градски воз“. Заврши физибилити студијата за целиот прстен. Потребни се околу 50 милиони евра. Дел од тие средства се веќе обезбедени во годинашниот Буџет и ЈП железници инфраструктура за максимум еден месец ќе објави тендер за изградба и рехабилитација на најголемиот дел од инфраструктурата што ќе се користи – линијата од Зелениково преку населбата Драчево ја поставува границата меѓу населбите Аердором и Кисела Вода и завршува на Новата железничка станица. Очекуваме до крајот на годината да е готова и првите линии на градскиот воз да бидат во функција пред Нова година на линијата Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар, но паралелно ќе ги развиваме и другите два прстена, информира Николоски.

Според министерот, амбиција број еден на Владата е да изгради брза пруга на Коридорот 10, од границата со Србија до границата со Грција, од Табановце до Гевгелија. Пругата ќе има две линии, е

На барање на Град Скопје и останатите општини, додаде Николоски, во финална фаза е и подготовката на тендер за набавка на нови еколошки електрични авотбуси, вкупно 120 од кои 80 ќе бидат за Скопје.

-Кога ќе ги споите градскиот воз и новите модерни автобуси, јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега и очекувам резултатите да бидат до крајот на оваа и почетокот на следната година, нагласи Николоски.

фото: МИА архива