Силната подршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложби за интнезивирање на политичките и економски релации меѓу Македонија и Хрватска, беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и Маријана Петир, пратеник во хрватскиот Сабор. При работната посета во Саборот, вицепремиерот Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ- Опара, претседател на Одборот за надворешна политика.
Добрите односи меѓу двете земји претставуваат пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна подршка и визија за европска перспектива. Ваквата улога во регионот има значајно влијание врз унапредување на стабилноста во регионот, економскиот развој и интеграцијата, се заклучи на двете одделни средби.
Вицепремиерот Николоски го потенцира и проблемот за транспортерите од Македонија и регионот и побара силна подршка од Хрватска во надминување на состојбата со нивните работни активности во ракми на Шенген зоната.

-Истакна дека овој проблем има регионално значење и брзо надминување на истиот ќе допринесе до стабилност на регионалната економија и побрз проток на стоки и услуги кон европските пазари. Вицепремиерот Николоски на средбите исто така ги потенцираше и реформите што ги презема Владата во делот на евроинтегративните процеси и истанка дека искуствата преземени од Хрватска особено придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети на земјата, се вели во соопштението од Министерството.
Во делот на политичката соработка, билатералните односи се каректеризираат со отворен дијалог и меѓусебна подршка. Како две партенерски земји членки на НАТО ја делат одговорноста во обезбедување на стабилност во регионот и справување со современите безбедносни предизвици.
Во рамки на работната посета на Загреб, вицепремиерот Николоски се сретна и со генералниот секретар на ХДЗ, Крунослав Катичиќ на која беа потврдени добрите односи меѓу двете земји и на која се разговарше за перспективите за Македонија и регионот.




