Министерот за транспорт, Александар Николоски преку социјалните мрежи најави три проекти за Градот Скопје кои ќе се спроведат со, како што рече, новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода денеска од партијата ВМРО-ДПМНЕ беше претставен за кандидат за Град Скопје на претстојните локални избори.

-Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси. За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од Премиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот Градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме! Со Орце се знаеме со децении. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител. Орце е цврст карактер и голем борец. Ќе победи и ќе биде одличен Градоначалник, вели Николоски.