„Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и претседателот Трамп.
Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели „ум“ на светски лидери, а сам себе не се гледа.
Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме „проруски“, „антизападни“, „антиамерикански“, за мене слушам напишале дека сум претставник на „иранско – турско – унгарско влијание“ и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.
Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“, објави Министерот за транспорт Александар Николоски, на својот фејсбук профил.
Реакцијата на Николоски доаѓа по вечерашните изјави на Стево пендаровски, со кои тој меѓудругото искажа:
– Ваков „трансакционен“ Трамп е колку ќе платиш, толку ќе имаш. Што можеме ние да понудиме кај ваков Трамп во однос на Бугарија – ништо, практично ништо. Кај трансакционен претседател ние имаме многу малку што да понудиме – зборувам за пари и ресурси, рече Пендаровски.
Според поранешниот шеф на државата, актуелната власт греши во политиката на „ново нормално“ и доближувањето до политиката на американскиот претседател и истовременото дистанцирање од Брисел.
– Трамп ја поремети глобалната мрежа и транссатлантската коалиција внатрешно со најголемите сојузници. Нашата позиционирање како Влада во однос на администрацијата на Трамп е дека „треба да се навикнеме на ново нормално“, бидејќи тоа е опасна теза. Тоа не ја преплави ни американската политичка сцена, ниту Европа, не ја преплави Канада, ниту Мексико. САД има само двајца сојузници за специјални релации – Велика Британија, која не е преплавено од новото нормално и е поблиска до брисел, и тука е Израел.
Не би истрчувал бидејќи ние не сме светска велесила, туку меѓу најмалите на Балканот, така што ние немаме ресурси да бидеме првд САД и не ни лечи. Дури и самата Јапонија мери што да прави со ваков претседател на САД. Големите ќе се договорат, а нас ќе ни замерат. Не смееме да бидеме коспонзор на резолуција на чија иста страна се Северна Кореја и Белорусија. Два примери – два човека – Александар Вучиќ и Еди Рама, не се истрчуваат и вагаат, а се знаат пријателски со зетот и ќерката на Трамп, наведе Пендаровски.