За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а не борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање поврзано со набавката на хеликоптери од министерство за одбрана.

Николоски посочи дека со ваква набавка одбранбената готовност на Македонија и армијата со ова не се подобрува, а исто така 250 милиони да се потрошат на ова е расипништво.

Во исто време кажуваме дека 250 милиони евра ќе впуштиме во сите општини во Македонија. Ако само за ова не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и со решавање на децениските проблеми на граѓаните. Министерката за одбрана на јавноста и должи одговор како е возможно во веќе почнат изборен период, распишани се избори да врши толку голема јавна набавка која треба да ја плаќа следната влада, рече Николоски.

Николоски исто така вели дека мора да се одговори зошто и како баш оваа компанија Леонардо од Италија е избрана а не се избрани другите компании, конкурирале француско-германски огромен конзорциум, шведски и американски производител.

– Зошто е избран токму Леонардо, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот, истакна Николоски.