Александар НИКОЛОСКИ
Како последица од глобалниот удар на корона вирусот секојдневно илјадници македонски семејства се со неизвесна иднина. Илјадници македонски работници не се на своите работни места. Нема град или село во Македонија нема семејство во кое неизвесноста за работните места не е присутна. Компаниите во Македонија од најмалите до најголемите, од мали трафики и козметички салони до големите странски инвестиции се соочуваат со проблеми во својата работа или воопшто не работат. Како резултат на тоа десетици илјади работници се дома, а фирмите се соочуваат со проблеми да им исплатат плата. Затоа со недели повикуваме, а денес повторно ќе побарам да се донесат итни економски мерки! Владата да покрие половина од вкупните трошоци за секој вработен. Вкупните трошоци вкучуваат и плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување како и персонален данок.
Исто така, потребно е замрзнување на побарувањата на државата по однос на сите давачки на фирмите, како и замрзнување на обврските за кредити. Ова се итни мерки кои се потребни час поскоро за да се зачуваат работните места! Помошта од 5 милиони евра е премала, недозволива, само за споредба Албанија само во првиот бран додели помош од околу 370 милиони долари. Економски мерки се потребни веднаш! Секое работно место вреди и мора да се спаси!