Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес ево работна посета на Гостивар.

-Драго ми е што проектот за поддршка на локалната самоуправа се одвива добро. Имаме сериозна поддршка за општина Гостивар. Во првиот повик кој се реализираше минатата година, вкупната поддршка е 160 милиони денари. Во вториот повик кој заврши пред распишувањето на локалните избори имаме вкупно 39 улици и попддршка од 380 милиони денари. Заедно, имаме поддршка од 540 милиони денари за Гостивар, рече тој.

Николоски најави дека по завршувањето на локалните избори и, како што рече, извесната победа на кандидатот на ВЛЕН, за општина Гостивар ќе има и специјална програма преку Министерството за транспорт.

-Проектите кои се спремни веднаш ќе можеме да ги реализираме, тоа ќе зависи од спремноста на општината, а заеднички ќе работиме и на нови проекти кои потоа би ги реализирале. Минатата година наследивме само потпишан договор и платени пари, но воопшто не започнати работи на автопатското решение од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани. Минатата година успеавме да ги воведеме во работа и веќе интензивно се работи на двата патни правци, истакна вицепремиерот.

Посочи дека прв пат во Македонија ќе има ситуација на градба на автопат од две страни, кои ќе се спојат на средина.