Владата е во општа паника заради немањето на пари и затоа што не знаат да водат економија и лошо ја менаџираат кризата.  Точно е дека кризата е Европска, но има и домашна криза, од 20-тина проценти инфлација, 10% се увезени, но 10% се домашни, вели Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што не е јасно“ на Алфа, посочувајќи дека власта во ваква ситуација договара кредит со кој ќе се затворат ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола и Македонија ќе стане енергетски зависна земја и ќе доведе економски колапс.

– Така што во такви услови се растрчани по барање на кредити, еден од кредитите кој го имаат договорено од 100 милиони евра е за ликвидност на Електростопанство, ние сме против тој кредит, од две причини, првата затоа што е дополнително задолжување, недомаќински се трошат парите кои следните генерации ќе ги враќаат. Втората причина е затоа што за да го добие владата на СДСМ и ДУИ овој кредит, мора да потпише протокол со кредиторот, во кој што ќе се согласат до 31 декември 2023 година да го затвори ТЕЦ Осломеј, а до 31 декември 2027 година да го затвори и РЕК Битола, истакна Николоски.

Тој посочи дека заедно тие произведуваат 80% од електричната енергија во Македонија, значи овие два комбинати се тие кои се срцето на македонската економија затоа што произведуваат значително најголем дел од електричната енергија.

– Нивното затворање ќе значи економски колапс на Македонија, ќе нема енергија дом, дури и по оваа цена ќе нема затоа што ќе мора да се увезува целокупно, втор проблем е што Кичево и Битола ќе станат пусти градови затоа што најголем дел од луѓето и стопанствата во двата града се ориентирани кон овие капацитети, не само со директно вработени, туку и други компании ко опстојуваат заради функционирањето на овие два капацитети, нагласи Николоски.

Тој посочи дека следниот проблем е што се предвидува Македонија енергетски да се поврзе со Бугарија и Грција што значи од нив ќе мора да купува струја и тоа ќе значи енергетско ропство на Македонија и затоа ние тој закон ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува.

– Нашиот план како политичка партија не само што не е да се затворат овие два комбинати туку да се вложи во нив, да може да произведуваат што повеќе електрична енергија, но и да се вложи во заштита на животната средина, да се направат соодветни еколошки стандарди во двата комбинати да се заштити животната средина и да произведуваат повеќе електрична енергија. Ова не е ново, Заев го најави, тие почнаа да ги затвораат, Осломеј беше затворен, заради кризата го рестартираа, Битола почна да се гасне и затоа двата комбинати не можат да се вратат во полна снага и не можат да произведуваат електрична енергија колку што се предвидени. Ова се луѓе кои немаат познавања од она што го работат, изјави Николоски.