Александар Николоски:
„Според наши информации, ја повикувам Владата да не демантир, уставните измени во делот на промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија, промената на преамбулата, членот 3 и членот 49 се веќе напишани и тоа е завршена работа.
Измените им биле дадени од страна на преставниците на македонската влада од страна на Грција во вид на нон-пејпер, така што дури и амандманите на Уставот не ги пишува македонското Собрание како што е редот во постапка која треба да почне после референдумот, туку веќе ги има напишано грчката влада и ги има доставено и практично кога ќе почне тој процес ако почне ќе биде само една глума и еден театар дека се прават амандмани кои што веќе се напишани чија што содржина не ја знаеме и не се објавува во јавност“.