Премиерот Зоран Заев на најмалку два состаноци на високо ниво, од кои еден во Бугарија, кажал дека, според него, Македонците и Бугарите се еден народ и дека говориме на ист или сличен јазик, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
За потоа (Заев) да се коригира во официјалниот дел дека тоа е само негово лично мислење и дека не е позиција на државата. Не може премиер да има лично мислење. Како тоа се кажува така се запишува во белешки и после тоа се крева летвичката – рече Николовски на Сител.
Тој додаде дека неколку западноевропски земји-членки на ЕУ не го поддржуваат ветото на Бугарија кон Македонија, меѓутоа, како што истакна, тие истовремено не се ниту против ветото.
Десетици други одлуки во ЕУ се носат со консензус, како и финансиската помош која е битна за Бугарија. Ако сите се против ветото на Бугарија, ќе ја блокираат нивната финансиска помош – изјави Николоски.
– Не мислам дека октомври е опција и не мислам дека воопшто треба да се создава лажна надеж кај граѓаните. Затоа што и досега многу пати беше создавана лажна надеж, јас континуирано од 2018 досега говорам дека нема да има датум за почеток на преговори. Но, власта ги игнорираше сите информации, вели Николоски.
Николоски појасни дека во различни периоди од различни причини Македонија не добиваше датум, како што беше влегувањето во иста група со Албанија, неспроведувањето на реформи, неспроведувањето на препораките на ЕУ, случајот „Рекет“, француската нова методологија, па бугарската блокада.
– Јас 4 години предупредувам дека нема да има датум, но никој од власта не најде доблест да ме повика да видат како ги имам информациите и како може да помогнеме. Јавно кажувам октомври да не се става на маса, првата следна опција е декември но јас сум песимист и за тогаш затоа што Бугарија ќе има претседателски избори каде Радев ќе трча за втор мандат. Она што мислам дека треба да се прави и да се согледа реалноста. Точно е дека Бугарија стави вето, но точно дека уште неколку земји членки не се за, но не се ни против. Мене дел од тие земји членки ми го кажуваат тоа. Во вторникот бев во Луксембург се сретнав со министри за надворешни работи и комесарот за проширување, истакна Николоски.
Тој вели дека одлуката за проширување не е единствената која ЕУ ја носи со консензус, и ако Македонија ги исполни условите кои им се важи на другите земји ќе ја принудат Бугарија да и дозволи датум на Македонија.
– Постојат уште десетици такви одлуки и дел од нив важни за Бугарија како што е финансиската помош, доколку сите останати се убедени дека Македонија заслужува преговори ќе стават вето на Бугарија и ќе ја примораат а не става вето на Македонија, но тоа не се случи. Постојат три причини зошто има скептицизам, прво е корупцијата, немање на функционален систем на владеење на правото и во делот на безбедносни реформи и имплементација, нагласи Николоски.