„Сакам една работа да отворам вечерва тука која што не е отворена досега во јавност, во јавноста имаше закана кон кандидатот за градоначалник на Прилеп, јавно објавена. „Повлекувајте се од кандидатурата, ако ти е мила фамилијата, во спротивно ќе го најдеш помалиот син во некој ендек фрлен како куче“. Ова беше напишано. Лицето кое го објави тоа, после се извини, за тоа што бил изманипулиран и во сопственото извинување вели дека бил изманипулиран од поединци од иницијали А.Ѓ.
Во комуникација кое што ова лице ја има со друго лице, а која што е доставена до Министерството за внатрешни работи, по кое денес не е постапено потврдува дека се работи за Александар Ѓорѓиовски, претседател на младите на СДСМ, кој што му давал ветувања по однос на него и неговото семејство доколку вака го напаѓа кандидатот и иден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Борче Јовчески“, истакна Aлександар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Николоски додаде дека ова е дно од кое подолу веќе не може да се оди.
„До денес по ова МВР нема постапено. И граѓаните треба да знаат дека ова е директно координирано од врвот на СДСМ и се обидуваат да го штитат ова лице кое што им е претседател на младите на СДСМ, кое што до денес не е сменето, а позади кое што веројатно стои Зоран Заев затоа што го штити“, заклучи Николоски.
Николоски посочи дека одговорност за ова ќе има веднаш по победата на локалните избори. СДСМ треба да знае дека по локалните избори следат и парламентарните. Крајот на СДСМ се ближи.