„Има една работа која што не е искомуницирана досега во јавноста, но мислам дека е многу карактеристична за овие избори и исцртува една јасна линија. А, тоа профилот на кандидати најмногу за Скопје од СДСМ. Тоа се деца на транзиционите олигарси и богаташи. Значи тоа се деца на оние кои што ја покрадоа Македонија во темната приватизација од 1991/92 до 1997/98 година“, истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју на Канал 5 ТВ.

Како пример, тој го посочи кандидатот за градоначалник на СДСМ во Аеродром, Александар Филиповски кој што е син и внук Благоја и Илија Филиповски. ТИе кои се постара генерација ги паметат по тоа што беа главни во приватизацијата и затворањето на фабрики во Македонија. Беа првите двајца кои што изградија хациенди на Водно надвор од она што комунистите го поделија на функционерите. И беа синоним за таа транзиција која што се случуваше тогаш.

„Во исто време фирмата која што е во нивна сопственост „Техно Комерц“ има добиено 15 милиони евра тендери од 2017 –та до 2021 година и тоа од Владата на Зоран Заев. Со тоа што од 2020 и 2021 појачуваат до 2020-та се три милиони, а најверојатно кога се договориле дека ќе го кандидираат, им дале уште 10.7 милиони евра. Значи син на олигархијата која што остави 300.000 луѓе без работа во Македонија сега се натпреварува за Аеродром“, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека тука е и синот на еден од двајцата директори кои што го пропаднаа „Жито Лукс“, сега е кандидат за Бутел. Или синот на Зоре Темелковски за кој што не треба да зборува многу е кандидат за Кисела Вода. Пописот е актуелен, еве наместениот попис од 2002 година беше со потпис на Дончо Герасимовски, кој што е татко на актуелниот кандидат за градоначалник на Центар.