Дали здравствените работници имаат маска N95? Зошто сами си ја набавиле N95, доколку ја има во болницата каде што работат?, го прашува денеска Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, нефролог во Клиничкиот центар Скопје, министерот за здравство Венко Филипче, откако тој вчера, одговарајќи на Игор Јанушев, напиша дека најодговорно тврди дека сите здравствени работници во Северна се соодветно опремени.
„Министре, пластичните заштитни очила сите сами си ги купувавме од продавниците кои што продаваат опрема за заварување.
Визирите кои што ги имаме ги изработија и поделија младите специјализанти и нивната добронамерна организација.!
Високи каљачи (ги пишува на сликава), нема вo ниту една здравствена институција во земјава! Интернет просторот е преплавен со барања и молби од здравствени работници кои бараат маски, и заштитни ракавици.“
Се разбира, и Николов не пропушти на крајта да го „моли“ Филипче, како што вчера Јанушев не пропушти да каже дека тоа за што зборува не било „политика“, небаре умирачката е осврт кон Шекспирова драма па „ракавиците“ во обраќањето се на прво место.