Во Австрија зборуваат варијанта на германскиот јазик, но се чувствуваат Австријци, вели во интервјуто за „24 часа.бг“ по повод празникот на светите Кирил и Методиј, бугарскиот професор Васил Николов, во согласност со општата антимакедонска хистерија која таму владее, а создадена од Зоран Заев и неговите компањони по потпишувањето на Договорот со Бугарија.
Еве делови од интервјуто на Николов (целото интервју го имате на овој линк), кој инаку е заменик претседател на БАН со (забелешка на Денешен.мк дека кај нас МАНУ допрва ќе се обидува да прави нешто, а Институтот за македонскиот јазик на целата оваа бугарска хистерија одговори со соопштение и со промоција на директорката по телевизиите во Северна, посебно по оние на луѓето кои до пред извесно време се колнеа во Груевски и спиеја со неговите слики под перниците купени со парите со кои ги товареше Владата). Во интервјуто, и авторот и Николов го употребуваат името „Република Северна Македонија“, но се чини бесцелно е ним да им се лутиме за тоа.
-БАН издаде книга според која официјалниот јазик на Република Северна Македонија е југозападна варијанта на бугарскиот јазик. Што точно означува оваа формуалција?
НИКОЛОВ: Како заменик претседател на БАН бев водач на проектот и ја завршивме книгата. Не сум јазичар, туку историчар… Треба да се знае дека постојат неколку писмено-регионални јазични норми и Вардарската е една од нив. На таа варијанта на бугарскиот јазик зборуваат и луѓето во Република Северна Македонија. Таа е плод на политичко и јазично инжинерство во 1944 година, а не на самостојни јазични процеси… Заради тоа колегите кои се експерти во таа област, предлагаат формулацијата „југозападна писмена регионална форма“ да се однесува само на јазикот во Република Северна Македонија. Инаку, бугарски се зборува и во Албанија и на Косово.
-Има ли разлики?
НИКОЛОВ: Се разбира, има, посебно во Повардарието каде јазикот целнонасочно е променет… Но структурата на јазикот е таа, зачувана е… Јазичните закони се еднакви на целата таа бугарска јазична територија…
-Како се гледа на ова контекст на германскиот, францускиот и англискиот јазик?
НИКОЛОВ: …Во Германија, на пример, тие од Баварија и Северна Германија воопшто не се разбираат. Но никој не вели дека тие се различни народи. Или, пак, Фландрија во Белгија каде зборуваат холандски. А што да кажат Американците? Зборуваат англиски јазик, но не се нарекуваат Англичани. Ниту тие од Квебек во Канада кои зборуваат француски, не се нарекуваат Французи. Јазичните експерти велат дека има 14 варијанти на шпанскиот јазик. Цела Ј Америка зборува шпански, но луѓето се изјаснуваат како Мексиканци, Колумбијци…
-Вашето издание се појави паралелно со објавувањето на општата европска позиција дека Скопје треба да се врати на преговорите за општата историја чија цел е да се сменат македонските учебници по историја. Има ли совпаѓање?
НИКОЛОВ: Не, ние сме научници, не се занимаваме со политика… И со таа книга им велиме на политичарите дека јазикот што го зборуваат луѓето таму е варијанта на бугарскиот јазик…