– До крајот на јуни годинава Агенцијата за храна и ветеринарство ќе заврши со пописот и ќе излезе со точен број на овци и кози, што е важно за прецизно дефинирање на политиките на среден, но и на долг рок, како и за правилна распределба на субвенциите за овчарството, истакна Николовски, кој заедно со посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот Ленче Николовска и тимот од МЗШВ, одржаа работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња.
На состанокот, како што соопшти МЗШВ, се разговараше за актуелната состојба со откупот на јагне и за извозот. Николовски на состанокот уште еднаш потенцираше дека Владата нема да дозволи сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба.
Николовски посочи дека МЗШВ континуирано работи на воспоставување контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар.
Од страна на откупувачите, како што се наведува, беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено. Позитивно ја оценија иницијативата на МЗШВ што се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози, што е во тек, потенцирајќи дека резултатите ќе бидат од од исклучителна важност за креирање на политиките за овчарството, врз основа на точни бројка на овци, за која во моментов сметаат дека не е релевантна.
Според податоците од АХВ, во декември 2018 година од нашата држава се извезени 2.897 јагниња или количина во килограми 33.509килограмиг. Оваа година се извезени 16.533 јагниња или количина во килограми 173.427 килограми.Во текот на утрешниот ден во МЗШВ ќе се одржи работна средба со претставници на здруженијата на одгледувачи на овци на која што ќе се разговара исто така за состојбата со откупот на јагнето.