Нашата партија е консолидирана, постојано е на терен меѓу граѓаните и со сигурност се враќа на победничките патеки, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
– СДСМ е консолидирана партија, која постојано е на терен, меѓу граѓаните, и со сигурност се враќа на победничките патеки. На денешната трибина во Кочани во позитивна атмосфера меѓу кочанчани уште еднаш ги потврдивме нашите стратешки цели и интереси, објавува Николовски на социјалните мрежи.
Според последната анкета на агенцијата Маркет Вижн ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ. Николовски, пак, кого јавноста го памети додека беше вицепремиер за антикорупција со откривањето на путер со поминат рок во маркетите. Поради оваа негова акција како антикорупционер во јавноста го доби прекарот Љупчо Путерот.