Пријател на Љупчо Николовски Путерот шверцувал 5 шлепери со тутун, а Љупчо Путерот брка путер по магацини, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако успеа да заплени 60-тина пакувања путер, или народски кажано две кеси, гледаме дека во државата се е во нормала. Па и оние 111 места на листата на Транспаренси сега не се толку лоши, наскоро ќе биде уште полошо. Прошверцувани се 5 шлепери тутун, а никој не е во затвор. Заев се однесува како ништо да не се случило. Да не беше во прашање пријател на Љупчо Путерот, и за 10 штеки цигари сега ќе беше зад решетки, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДСМ, се додава во реакцијата, буквално се повторуваат деведесетите години од минатиот век.

-Шверцот цвета, криминалот е на секаде, а никој не одговара. Јавното обвинителство безобразно молчи за Студенац Шпед. Зошто не е поткрената истрага и зошто сите замешани во шверцот се на слобода?! Дали ЈО упатува порака до сите дека може да шверцаат тутун и да поминат неказнети, или сепак треба да се пријатели со вицепремиер?! Јавноста нема да заборави, на шверцерот, пријателот на Љупчо Путерот и тој самиот наскоро ќе треба да објаснат како и зошто се шверцни 5 шлепери тутун. Доаѓа време за одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.