Во Ранковце победуваме со чесни и млади кадри, со развојни проекти за развојна општина, порача од денешниот граѓански собир, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во Општина Ранковце. На средбата со жителите на Ранковце на којашто присуствува и кандидатот за градоначалник на Ранковце, Даниел Крстевски, носителот на советничката листа Александра Стамболиска, претседателката на општинската организација Христина Младеновска, членот на ЦО на СДСМ Небојша Трајковски, организацискиот секретар на НСДП Кристијан Трајковски и претставникот од партија за демократски просперитет на Ромите, Гарит Мемиш, беа презентирани тековните проекти што се реализираат за оваа општина, како и идните проекти во програмата на кандидатот за градоначалник, Даниел Крстевски.
Генералниот секретар Николовски посочи дека, програмата на кандидатот на СДСМ нуди развојни проекти за општината, креирани според потребите на граѓаните.
„Ќе биде и овој пат градоначалник од СДСМ, и тоа ќе биде Даниел Крстевски и листата која што ја предводи Александра Стамболиска и останатите кандидати за советници. На овие локални избори имаме во овој регион и чесна, но и млада понуда, понуда на луѓе кои што имаат искуство, кои што значат нешто, кои што се авторитетни во своите средини, со млади луѓе и кандидати кои што ќе ги водат и Општина Ранковце и Општина Крива Паланка“, рече генералниот секретар Николовски.
„Локалните избори се избори на личности и токму тоа е една од клучните предности на СДСМ, покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, за секоја општина подеднакво, и развојот продолжува, ги имаме најдобрите проекти за нашата општина“, додаде Николовски.
При тоа на средбата беа презентирани тековните како и идните проекти за развој на општината, како што се изградба на асфалт кон село Герман, рехабилитација на патот, но и проширување со уште една коловозна лента во должина од 1 километар на потегот Црква-Собориште-Средна маала Рупци, изградба на дел од патниот правец во с. Радибуш-Маала Којкарци. Во тек е изградбата на експресниот пат Ранковце – Длабочица – Крива Паланка, а завршена е тендерската постапка за водовод во село Псача и рехабилитацијата на Ранковце – Крива Паланка.
Во оваа општина се гради еден од покрупните проекти, системот за наводнување Славишко Поле, кој значи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини и за развој на земјоделството. Николовски посочи дека следниот голем капитален проект во оваа општина е инвестиција во ветерници за производство на електрична енергија, којашто ќе влијае на зголемување на производството на електрична енергија преку обновливи извори, развој на овој регион со тоа што првенствено ќе имаме отворање на нови работни места. Оваа силна динамика мора да продолжи, никој не смее да ги кочи проектите на општините. Ова се проекти за граѓаните, за квалитетот на животот на нашиот народ, најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот, беше посочено на граѓанскиот собир во Ранковце.