Директорот на Државниот завод за статистика штотуку, на прес конференција, го прогласи пописот во Македонија за успешен. Според податоците кои тој ги објави, попишани се вкупно 1.832.696 лица.

Рече дека попишани се вкупно 91 отсто од објектите, но појасни дека и останатите 9 проценти ќе бидат опфатени во оваа статистичка операција согласно податоците кои ги има во други дата бази.

Во дијаспората најмногу се попишале македонски државјани од западноевропските држави. Вкупно попишани се 204.805 македонски државјани во дијаспората.