Штотуку објавениот податок на директорот на ДЗС, Апостол Симовски, дека во Македонија се избројани 1 832 696 жители и официјални ја искачи Македонија на второ место во светот, значи не во Европа, туку во светот, по смртноста од Ковид 19.

Досега, смртноста на еден милион жители се пресметуваше врз основа на податокот од 2002 година според кој Македонија броеше 2 милиони и 38 илјади жители. Согласно тој број на население, Македонија со 6 668 починати, имаше смртност од 3 201 починат на милион жители.

Сега, со најновите податоци, Македонија има 3 638 починати на еден милион жители и е земја со најмногу починати жители од Ковид 19 во Европа, а во светот е само зад Перу кој има 5 944 починати, нешто што на страниците на Денешен.мк го тврдевме подолго време, односно од момнеот кога самиот Симовски предвидуваше дека Македонија најверојато има околу 1,8 милион жители.

После Македонија следат:

БиХ со 3 258 починати на едне милион жители;

Унгарија – 3135;

Бугарија 3 024 и

Црна Гора со 3 055 починати на еден милион жители.

Иако е веројатно дека бројот на жители на Македонија ќе биде дополнет со податоци од разни бази, со огле дна тоа дека еден дел граѓани одбија да с епопишат, а еден дел воопшто ен беа посетени од пошишувачим оваа статистика сосема извесно нема да се смени.