Љупчо Николовски од СДСМ на социјалните мрежи пишува дека во наредниот период ќе следи реорганизација на партијата.

Според него, по ова СДСМ ќе биде обединет и победнички.

„Искрено и од срце сакам да се заблагодарам до сите граѓани за дадената поддршка, до секој член и симпатизер на #СДСМ за вложеноста и посветеноста во изборите. Како претставник на граѓаните во Собранието останувам посветен во борбата за подобар живот на секој еден граѓанин, на земјоделците и развојот на македонскиот исток. Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет и победнички“, пишува тој.

 

СДСМ на овие избори доживеа слаб изборен резултат. Освои само 18 пратеници. Имаше и повеќе оставки во партијата по изборите.