Макотрпно и деноноќно работиме за решавање на проблемите, изјави денеска министерот за земјоделство и шумарство Љупчо Николовски, на градскиот пазар во Валандово.
– Идниот месец ќе биде презентирана новата анализа со која ќе се прецизираат и мапираат регионите во општините каде треба да се градат модерни откупно-дистрибутивни центри, ладилници и други капацитети за преработка на земјоделските производи, рече министерот Николовски кој, поразговара со производителите на раноградинарски производи за откупот и пласманот.
Тој истакна дека откупот и пласманот на земјоделските производи се поддржани преку Програмата за рурален развој. Одвоени се четири милиони евра преку мерки за предфинансирање и промоција на проекти од преработувачката индустрија, еден милион евра за подршка на сите економско-социјални партнери и одобрени се учествата на сите саеми.
-Не можеме проблемите да ги решиме за ден или два, но макотрпно и деноноќно работиме на нив. Со Светска банка се изготвува проект за целосна модернизација на земјоделството кој на крајот на годината ќе овозможи нови 35 милиони евра од кои 20 милиони ќе бидат за изградба на откупно-дистибутивни центри, нагласи министерот.
Потсети и дека во Валандово пред неколку недели е склучен договорот за капитални инвестиции во водоснабдувањето и во изградба на системите за наводнување. Ќе се наводнуваат 2.080 хектари во пет населени места. Проектот кој ќе се реализира во следните 15 до 20 месеци и ќе чини 23,4 милиони евра. Општина Валандово ќе биде поддржана преку Програмата за рурален развој со уште неколку проекти меѓу кои еден е приоритетен за жителите од Општината и се однесува на изградба на пат и канал преку кој регионалниот пат ќе се поврзува со Горно маало.
Николовски се осврна и на ИПАРД, потенцирајќи дека земјава е лидер во регионот по реализација на Програмата.
Погледнете како министерот во работно време ги „решава проблемите“ на земјоделците и тера кампања за кандидатот Пендаровски. Фотографиите се од неговиот профил на Фејсбук, објавени пред малку.