Македонското малцинство од целиот регион очекува од институциите на државата Македонија да се заинтересираат за него и да упатат повик за обединување.“ – се изнесува во анализата со наслов „Неопходна е единствена македонска платформа за малцинствата од матичната држава“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Статусот и предизвиците на македонското малцинство во Албанија

Покрај другото, во анализата пишува: Во овој контекст Никола Ѓурѓај, претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, порачува: .„Ние , како македонско малцинство во Албанија не очекуваме од албанскиот премиер Еди Рама, ниту од Албанците од регионот да се заинтересираат за нашите права. Тоа го очекуваме од Македонија, од македонските институции и политичари. Наместо медиумите од Македонија да расправаат дали имало, или немало ‘Тиранска платформа“ и да ѝ даваат значење на пропагандата, што произлегува од неа, најсоодветен одговор би било да се направи една македонска платформа. Некоја македонска институција да нѐ повика и да ги слушне барањата на Македонците, што живеат како малцинство во државите во регионот: во Албанија, Грција, Бугарија…“

Ѓурѓај го споменува Уставот на Албанија, во кој постои член дека државата се грижи за сите Албанци, каде и да се, и дополнува: „Ние, како Македонци надвор од Македонија, сме избришани од македонскиот устав. Институциите на албанската држава ги повикуваат Албанците од регионот да ги слушнат нивните барања. Бараме и ние, како Македонци од соседните држави, да бидеме слушнати од македонската држава. Би било претседателот Пендаровски или премиерот Ковачевски да нѐ повикаат нас, претставниците на Македонците од регионот, во Скопје, па нека се создадат единствена македонска платформа.“

За статусот и предизвиците на македонското малцинство во Албанија свое видување изнесува и Ристо Никовски, поранешен македонски амбасадор во Тирана, во Албанија. „Македонците во Албанија имаат статус на малцинство, но само оние што живеат во областа Мала Преспа. Toa се само неколку проценти од вкупниот број Македонци што живеат во Албанија. Во голем број Македонците ги има во градовите Тирана, Драч, Елбасан… Mалцинските права во Албанија се крајно ограничени и тоа е наш силен аргумент да им возвратиме во нивната сегашна жестока офанзива да ги ставиме и непостојните Бугари во нашиот, македонскиот устав.

Никовски истакнува разлика меѓу „нашите политичари, кои распродаваат за беспари сѐ што е македонско“ и „сите други ги бранат сопствените интереси“. Притоа, тој укажува: „Тирана има поголем интерес да влезат Бугарите во македонскиот устав, за да започне процес на бугаризација на Македонците, што води директно кон ‘Голема Албанија’, отколку што е тоа наш интерес. Бидејќи, сѐ укажува дека Македонија нема да влезе во ЕУ во наредните 20 години.“

Целата анализа може да ја прочитате ТУКА.