Наслов на колумна за порталот Инфомакс предизвикала забуна и погрешна информација од долгогодишниот македонски активист Иван Џо Петревски кој ја вознемири јавноста во врска со амбасадорот Ристо Никовски, пишува „Експрес.мк“.
Никовски е жив и здрав а информацијата за неговата наводна смрт која се прошири молскавично на социјалните мрежи каде стотици луѓе ја споделуваат е неточна, потврди лично утринава амбасадорот за expres.mk.
Во случајов не се работи за намерно споделена информација ниту за некаква шега.
Никовски претпоставува дека Иван Џо Перевски донесол погрешен заклучок за него од насловот на колумната објавена вчера во која зборува за починат македонски активист од Канада.
Колумната која ја предизвика забуната.