Во колумна во неделникот Фокус, Ана Пановска прва дојде до генијално „откритие“, пишува поранешниот амбасадор и аналитичар Ристо Никовски во колумна во Плус инфо.

Пановска, пишува Никовски, напиша дека Бугарите треба да се внесат во Уставот бидејќи со тоа се потврдува дека Македонците се посебен народ, различен од бугарскиот! Напиша, и остана жива. На нејзините истомисленици, веројатно по партиска линија, им требаше доста време за да сфатат дека тоа е „совршено“ оправдување за овој срамен и катастрофален потег, којшто ни се наметнува на најсвиреп агресивен начин, и којшто директно води во бришење на македонскиот народ.

Деновиве (почеток на март, 2023), бројни врвни политичари на СДСМ одат со истото објаснување. Без никаков срам, масовно и немилосрдно лажат. Тргнаа во кампања за промена на Уставот и, како што изгледа, еден од главните „аргументи“ ќе биде токму тоа дека, со внесување на Бугарите, се докажувало дека се работи за два посебни народи!? Со други зборови, со тоа паѓа во вода бугарското историско игнорирање на Македонците!? Во Уставот, демек, заедно ќе имало и македонски и бугарски народ. Каква замена на тези! Мудреци, јасно ли ви е дека ние не го негираме бугарскиот народ, туку тие македонскиот?

Да слушаш, и да не веруваш. Поголема будалштина сигурно одамна не сте чуле. Останува само нејасно дали овие политички „умници“ тоа го прават свесно, во име и интерес на партијата, правејќи се себе недоветни и забегани, или сакаат сите да нѐ направат такви?

Замислете, преку нашиот Устав, треба да покажеме или докажеме дека македонскиот и бугарскиот народ се два одвоени народи! Каква бесмислица. Ако ние не ги признававме Бугарите, и сметавме дека се Македонци (што е поблиску до вистината!), нивното внесување во нашиот Устав, навистина ќе имаше димензија на исправање на таквата бедотија. Проблемот со бугарско игнорирање на Македонците, меѓутоа, би се надминал единствено ако Бугарија ги внесе Македонците од Пирин, во нивниот Устав. А, колку е тоа можно, нека цени секој сам. Особено кога Македонија се срами да го отвори тоа прашање, на база на реципроцитет, којшто е клучен и основа во дипломатијата. А, згора на тоа, го игнорира и спроведувањето на 17 пресуди на Судот за човекови права, коишто се во корист на Македонците во Бугарија. Само така ќе се потврди дека сме два посебни народа или, поточно, дека постоиме и ние, како вистински Македонци, и посебен народ.

Целата колумна на Никовски може фа ја отворите ТУКА.