Џејк Анџели, најпознатиот демонстрант кој упадна во Капитол Хил на 6 јануари оваа година, попознат како „човекот со рогови“, уапсен е во Аризона.

Тој е обвинет за насилно влегување на државен имот и за непримерно однесување на подрачјето на Капитол Хил.

Тој во законодавната зграда на САД влезе полугол, со рогови на главата.

Инаку припадник е на секта која верува дека група на педофили кои го обожуваат ѓаволот влегла во врвот на американската власт и дека Трамп се бори против нив.