Во малото хрватско село Горњи Долац, сместено на северните падини на планината Мосор, се наоѓа едно од највпечатливите божиќни туристички атракции во регионот. Иако селото брои само 11 постојани жители, секоја година го посетуваат меѓу 40 и 60 илјади гости од целиот свет.

Зад оваа несекојдневна приказна стои Тихомир Лучиќ, кој без струја и на каменит терен успеал да создаде „Божиќно“ село што, според многумина, може да се спореди и со најпознатите европски дестинации. Божиќното село на Мосор е прогласено за најдобра семејна туристичка дестинација за 2023 година и е добитник на Повелбата „Сончоглед“ за рурален туризам на Република Хрватска.

Приказната започнала сосем спонтано, со одгледување на животни, а со текот на времето се претворила во уникатна туристичка бајка.

Денес, Божиќното село слави осум години постоење и по тој повод се поставени повеќе од 4,5 милиони светилки.

На ова несекојдневно место има меѓу 150 и 160 животни, од домашни до егзотични, па посетителите, од различни делови во светот, можат да прошетаат по патека исполнета со божиќна магија.

Покрај волшебните светилки, викендите се збогатени со концерти и културни настани, додека пак храната е исклучиво домашна.

По завршувањето на празниците, имотот функционира како едукативно-излетнички центар за деца, со работилници и традиционални игри.

Фото: Фејсбук