Индија може да забрани употреба на приватни возила во главниот град, Њу Делхи, ако загадувањето на воздухот, кое има сериозни нивоа во последниве денови, се влоши, изјави висок официјален претставник.
– Да се надеваме дека ситуацијата со загадувањето на воздухот во Њу Делхи нема да се влоши, но ако се покаже како итна ситуација, ќе мора да забраниме употребата на приватен транспорт, вели Бхуре Лал, претседател на Управата за контрола на загадувањето на животната средина (ЕПЦА).
– Постои комисија која ќе ме советува за ова, рече тој.
ЕПЦА, назначена од индискиот Врховен суд, веќе предложи да се прекине со градежни работи во Њу Делхи, употреба на дизел генератори, печки од цигли и согорување на ѓубрето помеѓу 1-ви ноември и 10 ноември, кога нивото на загадување се очекува да се зголеми.