Обвинителството на американската сојузна држава Њујорк доби одобрение да отвори истрага против гувернерот Ендру Куомо под обвинение за сексуално вознемирување.

„Денеска добивме мотивациско писмо со кое се овластува нашата канцеларија да продолжи со независната истрага по обвинувањата за сексуално вознемирување против гувернерот Куомо“, напиша јавната обвинителка Лаетиција Џејмс. Таа, исто така, истакна дека резултатите од истрагата ќе бидат објавени.

Претходно, две жени, порано подредени на Куомо – Шарлот Бенет и Линзи Бојлан – дадоа изјава дека биле сексуално малтретирани од гувернерот. Тој ги негира двата случаи. Бенет поднесе обвинение против Куомо во саботата, Бојлан во декември 2020 година.

Ова не е прв скандал во последните неколку месеци во врска со гувернерот. Претходно, американските федерални власти и обвинителството во Бруклин започнаа истрага против администрацијата на Куомо, осомничена за криење на вистинскиот број на починати од коронавирусот во државните старечки домови минатата пролет и лето.