Мистериозен објект оддалечен 500 милиони светлосни години од Земјата, ни испраќа сигнали секои 16 дена, а научниците сè уште не можат да го дефинираат изворот, пренесува „Њујорк пост“.
Научниците досега забележале околу сто видови сигнали, од кои 10 се дефинирани како повторувачки. Последното откритие, многу веројатно, може да биде првиот вселенски сигнал на којшто ќе може да му се открие и зацртаната шема.
– Ова е доста значајно. Може да нè одведе во посакуваната насока до коренот на овие повторувачки сигнали, изјави Данкан Лоример, астрофизичар од Универзитетот на Западна Вирџинија.
Сепак, проф. Леон Острум од Холандскиот институт смета дека не се работи за вонземјани, оти така интервалот би бил побрз, а не секои 16 дена.