Бродот Rhosus, од кој бил конфискуван амоним нитратот, опасна материја што најмногу се користи како ѓубриво и за правење експлозиви, потонал во пристаништето на Бејрут во 2018 година, соопшти синоќа Њујорк тајмс.
Весникот се повикува на сателистки снимки и други податици за движењето на бродот. Како резултат на трагичната експлозија што се случи на 4 август во складиштата каде се чувал нитратот, загинаа повеќе од 150 луѓе а над 5.000 се повредени, а има уште десетици исчезнати.
Како што јавија некои медиуми петходно, карго бродот испловил од Батуми, Грузија, бил натоварен со 2.75 илјади тони амонимум нитрат и пловел под молдавско знаме.
Се дознава дека таа партија на нитрат била произведена во фабриката „Азот“ во грузискиот град Рустави. Во октомври 2013 година бродот Rhosus бил задржан од пристанишните власти на Бејрут поради груби нарушувања на правилата за експлоатација.
Според Њујорк тајмс, бродот пристанал во Бејрут непланирано и дека веќе во 2015 година целиот товар од него бил веќе растоварен, додека пак во 2018 година карго бродот, во текот на неколку денови, потонал во северниот дел на пристаништето.
Се вели дека потонатиот брод не пречел на навигацијата во пристаништето. Весникот дознава дека нитратот бил складиран на 450 метри од местото каде бродот потонал.
Како што е веќе извесно, властите во Либан разгледуаат три верзии околу причината за експлозијата во бејрутското пристаниште: Небрежност, несреќен случај и предизвикано од надворешни сили како ракетен удар или ексползија на бомба. Поради случајот досега задржани се 20 лица.