Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и три деца, во пожарот што вчера избувна во станбена зграда во градот Бохумин, на североистокот на Чешка.

Пожарот, како што објавија повеќе медиуми, избувнал на 11 кат од тринаесеткатница во попладневните часови, а пожарникарите соопштија дека пет лица се обиделе да се спасат од огнот скокајќи од прозорците на висококатницата.

Помеѓу настраданите во овој страотен пожар има и три деца, а причините за пожарот не се познати и ќе бидат соопштени откако ќе биде утврдено од што настанал.

Видеото од пожарот кое го објавуваме е вознемирувачко.