Кина го блокира пребарувачот „Бинг“ на Мајкрософт, објави „Њујорк тајмс“.
Тоа беше последниот странски пребарувач кој работеше во земјата, иако имаше цензурирани и умерени резултати од страна на компанијата, за да ги следи барањата, пишува весникот.
Досега нема информации за причината за одлуката на кинеските власти и дали тоа е привремено или трајно блокирање.
Според „Фајненшл тајмс“, блокирањето го наредила Владата на локалниот државен телекомуникациски оператор Чајна Јуником (China Unicom).
Одлуката се смета за изненадувачкa, бидејќи „Мајкрософт“ генерално е во добри односи со кинеските власти.