Американскиот „Њујорк Тајмс“ објави делови од книгата „Гранични војни: Напад на Трамп врз имиграцијата“ што ќе биде објавена на 8 октомври, а во која се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп им предложил на своите соработници да се борат против нелегалната миграција од Мексико во САД со тоа што на мигрантите ќе им се пука во нозете, ровови полни со змии и алигатори, шилци врз ѕидот на границата…

Во книгата на новинарите Мајкл Д.Шир и Џулија Хиршфелд Дејвис се наведува дека Трамп ова го кажал за време на серија состаноци со неговите советници во март.

– Правите да изгледам како идиот, им викал на соработниците кои не се согласувале со неговите идеи.

Меѓу присутните соработници на состанокот биле и тогашната државна секретарка за безбедност Киртсен Нилсен и тогашниот советник, инаку неговиот зет, Џаред Кушнер, кои ја напуштиле салата за состаноци во паника.

Трамп исто така имал идеја дека граничниот ѕид да биде обоен во црно за да апсорбира што е можно повеќе топлина, што ќе го отежни преминувањето на оние кои се качуваат по ѕидот, а исто така размислувал и за конструкција на површина што би спречила качување, како и криви метални цилиндри, но естетски не му се допаднало.