Откако претходно денеска Њукасл официјално објави дека Рафаел Бенитез го напушта клубот на крајот на месецот, на Островот веќе се појавија имињата на фаворитите кои можат да го наследат Шпанецот на „Сент Џејмс Парк“.
Според букмејкерите, најверојатен иден менаџер на „страчките“ е актуелниот асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити – Микел Артета.
Шпанецот пред извесно време беше поврзуван и за наследник на Арсен Венгер во Арсенал,но на крајот, сепак, решил да остане во штабот на Пеп.
Следат имињата на Жозе Мурињо, Алан Пердју и Крис Хатон, кои имаат еднакви шанси.
Њукасл објави дека процесот на наоѓање на нов менаџер почнува веднаш.