Во текот на вчерашниот ден, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 173 возачи.
– Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, велат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.