Две силни експлозии вечерва одекнаа во главниот град на Ирак, Багдад, јавија дел од западните медиуми повикувајќи се на очевидци.
Според неофицијални информации биле истрелани две ракети Качуша.
На објавените видео снимки, за кои се претпоставува дека се од Багдад, се слушаат сирени за тревога, а одредени багдадски новинари изјавија дека се слушнале две силни експлозии, најверојатно во Зелената зона, каде се наоѓа и Амбасадата на САД.
Зелената зона во Багдад беше мета на напад и на 5 јануари, при што беа повредени неколку луѓе.
Иран утрово истрела повеќе балистички ракети врз две воени бази во Ирак, во кои се стационирани американски војници, а Иранската револуционерна гарда презеде одговорност за нападот, истакнувајќи дека тоа е одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.