Поранешната пратенички на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова на денешната владина седница е именувана за национална координаторка за регионална соработка и европски интеграции.

Исмајлоска-Старова беше пратеник во Собранието во претходниот состав од листата на ВМРО-ДПМНЕ, но кон крајот на 2018 година беше исклучена од партијата, заедно со уште шест нејзини сопартијци кои гласаа за пристапување кон уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор и гласаше за Северна.

Во Владата моментно се ангажирани десетина национални координатори или заменик-координатори за различни области.

Таа ќе добива пата со коефицент 3,3 што значи за толку пати повисока од ланската просечна плата.