Пилотот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува на 14. место на Големата награда на Белгија, објави познатиот британски новинар Адам Купер.

– Норис, кој во моментов е деветти во протоколот по казната на Валтери Ботас, ќе загуби пет позиции на почетокот на главната трка, откако го замени менувачот на својот болид. Во исто време, Норис речиси сигурно нема да има потреба од промена на шасијата и со тоа Британецот ќе ја избегне потребата да тргне од боксот, смета Купер.

Вчера за време на квалификациите, поради силен дожд Норис излета од патека и со брзина од 300 километри на час удри во заштитната ограда.

Денешната трка на патеката „Спа-Франкошамп“ за Големата награда на Белгија ќе почне во 15 часот.