По неодамнешниот пожар кој ја зафати околината на селото Ротино, а се закануваше да се прошири и кон боровата шума во Националниот Парк „Пелистер“, превентивно е обезбедено црево (PE100-da110 , L=200 m) за дотур на вода во селото, кое ќе биде приклучено на каптажа до селската чешма, пишува на сајтот на општина Битола. Еве што понатму стои во нивната објава:

За време на пожарот кој избувна на 26 март годинава, градоначалничката Наташа Петровска веднаш излезе на терен и разговараше со месното население, по што се бараше решение повеќе за превенција од вакви немили настани.

Во таа насока е обезбедено и ова црево од страна на Општина Битола, во соработка со ЈКП „Водовод“.

Главната намена на ова црево е дотур на свежа и питка вода за населението и посетителите, а истовремено се обезбедува и заштита од пожари.

При посетата на Ротино, градоначалничката Петровска и претставниците на месната заедница ги обиколија објектите на кои им треба санација во селото, како поранешното училиште, воените објекти итн. Чешмата, која исто така е обележје на ова село, наскоро ќе добие нов лик.